Европските партнери од властите во Бугарија побарале официјална Софија да не демонстрира триумфализам како при предходниот предлог на Макрон кога речиси сите политичари прогласија огромна победа против Макеоднија.

Тоа е причината за молкот во Софија по новиот денешен предлог на Макрон кој паралелно го добиле и Македонија и Бугарија, тврдат извори во источна сосетка кои признаваат дека тримфализмот во Софија значи несреќа во Скопје и обратно.

За разлика од властите во Скопје во Софија се уште нема реакција за предлогот но ако се суди по барањето да нема триумфализам тоа значи дека Бугарија пак добила добар предлог кој суштински не ја менува нејзината позиција.

Во Скопје владата веќе објави дека добила нов предлог за кој ќе се консултира со опозицијата но има премногу причини за сомнеж дека се работи за барање алиби и префрлање на одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ

На Ковачевски во 5 до 12 му текна да се консултира со опозицијата за Бугарија

Што содржи новиот предлог на Макрон засега не знае никој со сигурност иако дипломатски извори во Брисел тврдат дека има исчекор кој може да биде прифатлив за властите во Скопје особено во делот за почнување на преговорите.