Молк по средбата Заев – Меркел во Берлин

Заврши средбата во Берлин меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Македонија Зоран Заев по која немаше изјави за медиумите, објавија медиуми.

Средбата на која клучна тема требаше да биде моноста Македонија да добие поддршка за датум за старт на преговорите со ЕУ од германската канцеларка траеше 40 минути.

Ни од македонска ни од германска страна нема информации дали имало и кои се пораките од Меркел околу очекувањата на Скопје за одредување датум на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.

Најавено е дека во текот на денот, изјава ќе даде премиерот Заев.