Молк од МВР за полициската потера по синот на висок полициски функционер

Во билтенот на МВР ја нема вчерашната полициска потера по синот на висок полициски функционер.

Во редовниот билтен на полицијата за настани во кои се крши законот по кои постапува МВР нема ниту збор за инцидентот во кој можеле да настрадаат полицајците што го бркале синот на висок полициски функционер кој избегал пред полициска патрола.

Бегалецот кој избегал од полицијата морал да биде санкциониран по две основи, бегство од контрола на службено лице и користење на недозволени светлосни сигнални уреди, таканаречени флешери, но неговите иницијали и воопшто настанот ги нема во билтенот.

Полицајци кои се информирани за инцидентот највавуваат дека ќе откријат детали и материјали за настанот доколку МВР продолжи да молчи за тешкиот инцидент кој е скриен по налог на високи полициски службеници.

Деталите поради кој кај полицајците владее бес и револт на овој линк

Возачот кој вчера бегал од полицијата кај Качанички пат е син на висок функционер во МВР