Молдавија сака мирно да го реши проблемот со проруското „Придњестровје“

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, смета дека кога ќе се реши конфликтот во Украина, „ќе има добри шанси за мирно решавање на прашањето на Приднестровје“.

Проруските сепаратисти бараат независност и можно приклучување со Русија

„Би сакала да кажам дека за нас е многу важно да го решиме ова прашање на мирен начин и, се разбира, со почитување на меѓународно признатите граници на Молдавија“, нагласи таа.

Непризнатата република „Придњестровија“ со мнозинско руско население е основана на 2 септември 1990 година на молдавска територија на левиот брег на реката Дњестар.

Населението се спротивстави на постапките на радикалните молдавски политичари, кои во тоа време се обидуваа да ја одделат републиката од СССР и да ја обединат со Романија.

Кишињев се обидуваше насила да го реши проблемот. Вооружениот конфликт заврши кога во јули 1992 година во Москва беше потпишан мировен договор и на руските мировници им беше дозволено да влезат во зоната на конфликтот.

Оттогаш, заедно со нивните колеги од Молдавија и Придњестровје, тие го одржуваат мирот во регионот, давајќи им можност на Кишињев и Тираспол да преговараат…

Има шпекулации дека по намерата на Русија да го заземе југот на Украина се’ до Одеса, каде ги поддржува најавените референдуми за отцепување во проруските региони, следна дестинација би била – Придњестровје…