Молдавија бара руската армија да си оди од Придњестровје

Молдавија повика на повлекување на руската армија од Придњестровје – регион со мнозинско руско население – во Молдавија, бидејќи сака мирно решение на конфликтот, изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица.

„Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија на Придњестровје и да го привлече вниманието на кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим“, рече премиерката.

Според неа, официјален Кишињев сака да најде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани, пренесе агенцијата РИА Новости.

Приднестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите, а Генералното собрание на ОН во 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од тој регион.

Резолуцијата ја поддржаа 64 земји, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани. Според РИА Новости, 60 отсто од населението во Приднестровје се Руси и Украинци.