Мобилни, ТВ, душеци… за евра во затворите

Секој  затвореник во Македонија може да добие мобилен телефон, телевизор, удобни душеци или фрижидер … за одредена цена.

За 600-700 евра осуденииците можат да добијат мобилен телефон со интернет, а телефон – само за повици чини 200 евра.

32 инчнен телевизор во ќелија може да се „набави“ за 500-600 евра, се вели во репортажа на МИА.

Поудобен душек чини само 15 евра, а мал фрижидер 200 евра, се вели во извештај подготвен од  Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Институтот за европска политика за периодот 2016 2018 година.

Главната причина за овие прекршоци во затворите се ниските плати на чуварите и лошата професионална обука.

Македонските затвори не ги почитуваат официјалните закони и затворските правила, се вели во извештајот на Институтот за европска политика.