Мобилизација: Русија става под оружје 300.000 резервисти

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека за време на делумната мобилизација ѓто синоча ја најави претседателот Владимир Путин ќе бидат повикани 300 000 резервисти.

Путин најави остар одговор до НАТО доколку се наруши територијалниот интегритет на Русија.


Шојгу, се обрати на нацијата по говорот на Путин и рече дека Западот ја снабдува Украина со огромно количество оружје и тоа се користи за напад врз цивилното население.

„Навистина сме во војна со целиот Запад плус НАТО. Кога зборуваме за тоа, не мислиме само на оружјето што се доставува во огромни количини, туку секако и на системите. Тоа се комуникациски системи, системи за обработка на информации“, рече Шојгу, пренесува „Спутник“. Околу 200 цивилни сателити, сите сателити на НАТО, работат во интерес на Украина, вели тој.

Шојгу изјави дека Украина веќе изгубила половина од армијата – повеќе од 100 000 луѓе – 61 207 убиени, 49 368 ранети.