Македонските репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши од страна на Министерството за надворешни работи, информираше министерот Османи на денешната прес конференција.

Министерот Бујар Османи потенцираше дека поводот за оваа одлука е историскиот гол и големата победа над Италија.