МНР на Османи ги осуди неселективните напади на Хамас врз Израел

Министерството за надворешни работи што го води кадарот на ДУИ Бујар Османи се придружи на официјален Брисел во осудата на неселективните напади на палестинската организација Хамас врз Израел.

Македонското МНР го ретвитна односно реобјави твитот на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во кој таа го осудува однесувањето на Хамас.

“Многу сум загрижена од ситуацијата во Израел и Газа.
Јас ги осудувам неселективните напади на Хамас врз Израел.
Цивилите од сите страни мора да бидат заштитени.
Насилството мора да заврши сега”, пишува во пораката за јавноста што ја реобјави министерството што го води министерот од ДУИ.

Во недела во Скопје е закажан протест за поддршка на Палестина во конфликтот со Израел.

Протест за еврејско-палестинскиот конфликт во Македонија