Пустата надеж на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека Софија можеби ќе го прифати „документот како основа за договор со Бугарија, кој е прифатлив за македонската страна“ ја уништи бугарското Министерство за надворешни работи.
За време на средбата во февруари Бугарија ја информира Македонија дека предлозите им се неприфатливи и оти следува продолжување на разговорите, велат од таму.
„Меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и на РС Македонија се води активен дијалог со цел наоѓаше решенија за отворените политички прашања. Последната експретска средба на екипите на МНР се оствари на 11 февруари. На неа беа разгледани последните предлози на РСМ, испратени официјално во декември 2001 година како одговор на предлозите од бугарската страна, претставени во третиот круг експертски консултации спроведени во септември 2021 година во Скопје. За време на средбата во февруари бугарската страна ги информира претставниците на РСМ дека предлозите им се неоприфатливи и оти разговорите треба да продолжат“, велат од бугарското МНР.
Од таму додаваат дека „кога ќе има шанси за постигнување суштински напредок, бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на позициите“.