Во пасошите на Македонците во Србија, во графата на местото за раѓање не стои само „Северна Македонија“, но не и зборот Република што е дел од целосното ново име на државата.

Според ТВ „Алфа“, Македонците таму не успеале да добијат објаснување зошто по промената на името, сега во овој личен документ е избришан и описот на уставното уредување на земјата.

Македонското министерство за надворешни работи објаснува дека Преспанскиот договор тоа го дозволува, дека можело да стои и со „Република“ и без. Изборот бил на државата во која Македонците живеат. Посебни насоки не постоеле.

„Долгата и кратката форма на името на државата се подеднакво валидни. Која од нив ќе биде искористена во конкретен случај (во зависност од просторот кој го имаат во одредена ситуација) е избор на секоја од земјите. Не е во наша надлежност да одговораме за нивните одлуки или решенија во нивните документи. Не постојат договори или правилници од тој тип како што наведувате“, велат од министерството за Алфа.