По неколкуте гафови на протоколот на министерот Бујар Османи во МНР денеска немало скандал со поставување на знамиња и други обележја.

На средбата што утрово ја имал Османи со евроамбасадорот Дејвид Гир било поставено вистинското знаме на Европската унија која ја претставува дипломатот во Скопје.

Баналноста на средбата како причина за нејзина објава на социјалните мрежи е посебно прашање затоа што со него се отвара дилемата дали Османи и Гир се сликале само за да се сликаат и за министерот да покаже дека нешто работи.

Во објавата од средбата за која Османи признава дека е редовен утрински брифинг тој не дава ниту едно конкретно прашање за кое се разговарало туку зборува за општи флоскули кои не значат ништо.

Освен ако не се работи за сериозен настан или прва средба за предавање акредитиви другите министри во регионот воопшто не објавуваат слики од средби со ЕУ амбасадори кои што се редовни или протоколарни.