Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека една наша државјанка се стекнала со полесни повреди во вчерашните турканици по експлозијата во Истанбул.
„Информираме дека без поголеми проблеми таа е веќе вратена во земјата“, велат од МНР.
Од МНР велат дека досега не се добиени информации за директно настрадани или повредени државјани на Република Македонија.
Нашите претставништва остануваат во контакт со институциите на Турција, како и со загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул, велат од МНР.