МНР ги објави имињата на новите амбасадори

По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот ФБ профил информира дека се утврдени следните предлози за амбасадори:

  • Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија
  • Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада
  • Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.

„Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24.