МНР: Без трета доза не патувајте во Холандија

Министерството за надворешни информира дека од утре стапуваат на сила, нови построги услови за влез во Холандија, за македонските граѓани.

Причина за тоа е што Македонија беше ставена на листата на земји со многу висок ризик од зараза со коронавирус, стои во објавата на МНР.


Патниците од Македонија кои се вакцинирани или имаат доказ за прележан ковид-19 ќе мора да одат во карантин ако не ја примиле третата доза од вакцината. Останува обврската да се приложи и негативен ПЦР тест за не постар од 48 часа пред доаѓање или негативен антиген тест не постар од 24 часа пред поаѓање.

За да се избегне задолжителниот карантин, третата доза треба да се прими најмалку седум дена пред доаѓањето во Холандија. Од одење во карантин се ослободени и деца до 12 години. Сите патници мора да пополнат изјава за карантин, дури и ако не треба да одат во карантин.