Многу лош старт на твитер профилот на новиот британски амбасадор во Македонија (ВИДЕО)

Неславно започна новиот твитер профил на амбасадорот на Велика Британија во Скопје кој од јули е дипломатски претставник на Обединетото кралство во Македонија.

Амбасадорот Метју Лосон промовирајќи го својот нов твитер профил побара твитерџиите да му сугерираат кои убави места да ги посети додека е во Македонија.

За жал амбасадорот во својот твит не кажа во која земја е амбасадор а македонското обраќање го заврши со албански збор за фала (албанското обраќање на го заврши со македонски збор) по што почна канонада од коментари кои тој сигурно не ги очекувал.

Лосон за да не ги навреди Македонците не го користи името Северна но во исто време не употребува ниту Македонија.

,,Здраво! Јас сум @MatthewLawsonUK, британскиот амбасадор и ова е мојот нов Твитер профил. Сакам природа, култура, литература и јазици. Ако имате некој предлог каде треба да одам и што да видам во оваа прекрасна земја, следете ме и пратете ми порака. Благодарам! Falimenderit!”, стои во обраќањето на амбасадорот Лосон на Твитер.

Таму може да се прочитаат сите коментари во твитот кој се уште не е избришан, иако меѓу нив има и работи кои не му се пишуваат ниту на најголем непријател.