ММДЧП до ,,Осумтемина предавници”: Последна шанса да не бидете предавници

Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) со порака до осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните промени на 19 октомври со што ја отворија процедурата за промена на уставното име.

“Осуммината предавници следната недела ќе добијат нова можност да се премислат и да гласаат за одбрана на Македонија и на македонското уставно име. Елизабета, Владанка, Љубен, Крсто, Сашо, Зеќир, Нола, Емилија. Секако ќе влезете во историјата. ОД вас зависи како, дали како предавници или како патриоти”, порачуваат од ММДЧП до пратениците преку видео порака.

#НашетоИмеЕМакедонија

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1993096314112839&id=154504997971989