Младите од Србија со најпозитивен став за Црногорците и Македонците, а со најлош за Албанците

Српската младина има најдобро мислење за Македонците веднаш по Црногорците, покажуваат резултатите од Алтернативниот извештај за положбата и потребите на младите на Република Србија за 2022 година, кој ќе биде официјално објавен на Денот на младите 12 август.

Учесниците во истражувањето требало да изберат на скала од 1 до 4 што чувствуваат кон припадниците на различните националности во земјата и во нејзиното опкружување. Оценката 1 значи „со нив секогаш сме имале блиски и пријателски односи, 2 – „граѓани како и сите други“, 3 – „не ми пречат, но не би се дружел со нив и 4 – „не ги сакам“.


Според просечната оценка 1,68, српските млади најмногу ги претпочитаат Црногорците, веднаш по нив се Македонците со 1,75, а најнегативен став имаат спрема Албанците (просечна оценка 2,52).