Дури 58% од младите би се иселиле од с. Македонија, доколку им се укаже можност.

Од нив, само 6,9% би се вратиле назад во земјата.

Речиси 8 од 10 млади (77,3%) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби, покажуваат резултатите на студијатата „Социо-политичко учество на младите: Неизвесност, нееднаквост и различни очекувања“ на Фондацијата за демократија на Вестминстер и Младински образовен форум којашто е објавена денеска.

Според студијата, помалку од една четвртина (23,8%) од младите сметаат дека државата се движи во правилна, а 35,4% дека се движи во погрешна насока, пренесува Дојче веле. 

• Само една третина од испитаниците (30,5%) веруваат дека за 5 години државата ќе биде подобро место за живеење за младите. 

• Две третини од младите (64,8%) се незадоволни од своето место во општеството. 

• 44% од младите веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ, а просечната година во која сметаат дека тоа може да се случи е 2026 година…

ПОВЕЌЕ