МКД.мк: Уште лани ДЕА се заинтересирала за наркопазарот во Македонија!?

Трајче и Бобан , братучеди на премиерот Зоран Заев се главни протагонисти во бизнисот на фамилијата Заеви со канабисот.

Тие веќе три недели се во Дубаи, од дистанца ги следат актуелните настани во Македонија, по акцијата на американската агенција за борба против наркотици ДЕА и МВР во која се приведени неколку лица замешани во шверцот на 200 килограми марихуана, дознава МКД.мк.

„Трајче Заев и Бобан Заев официјално се сопственици на фирми за производство на медицински канабис (МАМ во Свети Николе и Фарма медика канабис во Валандово). Но, и двајцата и други припадници на нивната фамилија се делумни сопственици во уште неколку компании поврзани со канабисот, кои се организирани во своевиден конзорциум.

Се претпоставува дека оваа акција на ДЕА е резултат на недоразбирањата на американскиот сопственик на компанијата за производство на медицински канабис „Фајв летерс“ со претставници на семејството Заеви. Лани во декември беа запленети 150 килограми марихуана од оваа компанија, по што „Фајв летерс“ ја изгуби и лиценцата.

Временски тука некаде и ДЕА почнала да се интересира за тоа што се случува на илегалниот нарко пазар во Македонија, пишува МКД.Мк.

Во акцијата на ДЕА и МВР од пред два дена во која е запленета марихуана во вредност од 800 илјади долари, приведен е и Александар Ушилковски, возачот на Трајче Заев.

Во акцијата со лисици на рацете завршил и еден од управителите на „Medical 420“ од Битола, уште една компанија за производство на медицински канабис во која Заеви имаат удел. И дел од возилата од кои се приведени неколкумина се во сопственост на овие компании“, пишува порталот.