Истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата„ Маркет вижн, покажува дека една третина од граѓаните не гледаат перспектива во интеграцијата со ЕУ.

Речиси половина од испитаниците сметаат дека не треба да се прифатат условите под кои се нуди продолжувањето на процесот на интеграција со ЕУ, објави порталот.


Од 1.200 испитаници на телефонското истражување, само 29 отсто даваат поддршка за францускиот предлог за начинот на кој Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ.

Повеќе од 22 отсто одговорија дека и не го разбираат францускиот предлог.

Само половина од испитаниците се изјасниле дека го знаат и разбираат францускиот предлог.

Најголемиот дел и од испитаниците кои го знаат и од оние кои не го знаат и го разбираат францускиот предлог, сметаат дека овој предлог содржи услови кои не треба да се прифатат.

Голем дел од испитаниците одговориле дека ниту една од партиите (24,9%) немаат прифатлив став во однос на бугарските барања и не понудиле соодветно решение за овој проблем, објави МКД.Мк.