МКД.МК: Македонија ќе банкротира

Државата, идентитетот, јазикот, нема да ги загубиме ни поради тиранската платформа, ни поради преспанскиот договор, ни поради бугарското вето, туку само поради економското систематско уништување на Македонија од страна на нашите тајкуни и нивните служители, политичките лидери објави МКД.МК.

Лани напишав дека Владата користејќи ја ковид-кризата вкупниот долг на Македонија ќе го донесе на над 10 милјарди евра, односно ќе биде поголем од бруто-домашниот производ (БДП). Згрешив за 20%.

Додека од една страна на граѓаните им продаваат приказни за тирански платформи, преспански договор, бугарски договор, загрозен идентитет, загрозен јазик, црвени линии – од друга страна државата ја носат во тотален финансиски колапс, односно банкрот.

За трагедијата да биде уште поголема, парите од новите задолжувања се трошат на тотално непродуктивни, нерационални, а во голем број случаи незаконски работи. Тоа значи дека парите од новите задолжувања се фрлаат во неповрат и во џебовите на одбраната елита од моќници и нивните политички служители. Ваквото неразумно и без стратегија трошење пари дефинитивно ја носи Македонија во провалија од која нема враќање.

Секој почетник економист, а и секој домаќин, знае дека во услови на криза се преземаат мерки на штедење и екстремно внимателно трошење на секој денар. Во услови на криза само малоумни поединци последниот денар го трошат на забава и луксуз. Тие пак што се задолжуваат за да можат да се луксузираат, вообичаено се измамници и снобови. Наместо да се намали буџетот со кратење на сите непродуктивни трошења (плати, нови вработувања, возила, мебел, софри и патувања) и да се инвестира во основните двигатели на економскиот и социјалниот живот, тие водат апсолутно спротивна политика“ пишува Ангел Наков.

Линк до целиот текст.