МКД: Албански аналитичар тврди дека Курти сака да ја урне владата во Скопје

„Откако се обиде да ја урне владата на Тирана, тој се обидува да ја урне и владата во Скопје“.

Ова за Еуроњуз-Албанија го тврди Крешник Спахиу, албански правен експерт, политичар, политички аналитичар и познавач на албанското национално прашање.


На прашањето од новинарката зошто косовскиот премиер Албин Курти отиде во Македонија на настани од само локален карактер и во неофијален ангажман, Спахиу вели дека дека Курти се обидува да направи сојуз со опозиција.

„Албин Курти знаеме, ‘влезе’ на изборите во Тирана, отворено бараше власт во Албанија, ама ‘излезе’ со 300 гласа.

Увидувајќи дека не успеа зашто практично немаше поддршка од гласачите во Албанија, Курти се обидува да создаде политички конфликт правејќи сојуз со опозицијата во с.Македонија“, нагласи Спахиу, а пренесува МКД.Мк.