Мизрахи: Собранието да ги достави сите материјали од Анкетната комисија за Онкологија до ЈО

Ова, преку објава на Фејсбук го бара пратеничката Рашела Мизрахи поранешна претседателка на Анкетната комисија за случајот Онкологија.

„На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието.

Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото, објави Мизрахи.

Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината ТАКВА КАКВА ШТО Е.

Се понатаму е во рацете на обвинителството, вели таа.