Митревски во топ-5 одбрани на колото во квалификациите за ЕП во ракомет (ВИДЕО)

Македонскиот голман Никола Митревски ја има четвртата најатрактивна одбрана во третото коло од квалификациите за Европското првенство во ракомет, во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

При 9:6 за Португалија, Митревски во голем стил го скроти ударот на Силва.

Покрај чуварот на мрежата на Македонија, во најдобрите пет одбрани се најдоа и тие на Зураб Цинцаѕе од Грузија (прв), Маријан Зернович од Словачка (втор), Дејан Милосављев од Србија (трет) и Набојша Симиќ од Црна Гора (петти).