Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Игор Митрески во интервју за руската телевизија Мач специјализирана за спорт со свое мислење за тоа каков е сега односот во Македонија кон Русија.
„Што се однесува до обичните луѓе, многу е топол. Тука се 80 проценти православни, тие многу добро се однесуваат. Политичарите се друга работа, но народот е народ, тој е заедно со Русите. Се грижиме за вас“, одговори 43-годишниот стружанец, со 70 настапи и еден гол за македонскиот национален тим од 2001 до 2011 година.
На прашањето „ако во Скопје зборуваш руски, можно ли е да не се плашиш“, Митрески со одговор: „Не, нема да има никакви проблеми. Слушаме руска музика, а македонските канали емитуваат руски филмови и серии без превод“.
Дел од интервјуто на некогашниот дефанзивец на Спартак Москва со 85 настапи во четирите сезони од 2001 до 2004 година, кога со клубот од руската престолнина ја освои шампионската титула во 2001 и Купот на Русија во 2003, го сподели и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.