Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, на социјалните мрежи го коментира однесувањето на министерот за транспорт и врски, Бочварски кој, наместо да си поднесе неотповиклива оставка по трагедијата во Бугарија, објаснуваше како автобудот немал лиценца за меѓународен транспорт.

„Ако нашата Влада беше составена од луѓе со било каков морален компас, тогаш оној министерот за транспорт и врски уште веднаш вчера требаше да си поднесе оставка. Наместо тоа, Бочварски со цел памет излезе пред медиуми да објаснува дека автобусот немал лиценца за меѓународен транспорт.

Замислете, надлежниот министер, чиј пропуст директно придонел за оваа несреќа се прави недоветен, и мува не го лази.
И уште нешто, Филипче да ми каже, која е разликата бе друже помеѓу овие луѓе и оние кои во ист број секојдневно ги губат животите?

Не ти е срам да излегуваш пак на ТВ, и пак да користиш трагедија за ПР? Што мајка бараш па ти да се јавуваш? Кога бе друже ти ќе понесеш одговорност за секојдневното губење на по еден автобус луѓе, а?

П.С. Реков нема да коментирам политика во овие денови, ама неиздржливо е ова лудило.“, пишува Митовски.