,,Митот” за независноста на судиите тема на ,,Конгресот на правото”

Вчера во хотелот Силекс започна „Охридскиот конгрес на правото 2022“ на кој учество на околу 150 млади правници-студенти од просторот на Западен Балкан.

На отворањето на конгресот на учесниците им се обратиле градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и деканот на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје – Професор д-р Сашо Георгиевски.

Темата на овој конгрес на младите правници-студенти, кој за првпат се одржува во Македонија е „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“.

,Имаме различни предавачи од секоја областа за судството, како што е и темата на самиот конгрес, кој е во организација на Факултетското студентско собрание и студентите на Правен факултет “Јустинијан Први”. Со нас ќе бидат од Правниот факултет при УКИМ во Скопје, професорите Димитар Гелев и Тимчо Муцунски, потоа други многу искусни познавачи на правото, меѓу кои и Ѓорѓи Сламков, поранешен претседател на антикорупциската комисија, кој ќе говори за судството и борбата против корупцијата, Јован Андоновски, заменик народен правобранител, Никола Довлев – јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Охрид, Билјана Белевска Пројковска – судија во Основен суд Охрид, Елена Гошева, поранешна претседателка на уставен суд”, вели Тијана Тесалоника Шишкоска, член на Организацискиот одбор на „Охридски конгрес на правото 2022.

Покрај предавањата на конгресот, планирани се и дебатни и спортски турнири меѓу студентите, вечерна дружба и посета на Свети Наум, а по завршување на работниот дел разглед и прошетка низ Охрид.