Очевидци за expres.mk тврдат дека непознатото беспилотно летало кое деновиве летало над објекти на македонската армија во една од најголемите касарни во Македонија долго се задржало во воздух над на армиските капацитети.

Според сите индиции дронот ги снимал објектите на АРМ со камера за ноќно снимање која освен што е многу скапа не е достапна на обични граѓани.


Најмалку десет минути дронот летал на стратешки објекти на македонската армија, најверојатно вршејќи извидувачка операција.

Откако бил забележан од армиски офицери за неговото присуство реагирал офицер на АРМ кој бил известен од ноќната стража по што биле информирани и командата на војската и полицијата.

По кратко време дронот кој во неколку наврати ја менувал локацијата но најмногу се задржал на едно место, заминал во непознат правец.

Очевидците тврдат дека дронот летал меѓу 10 и 15 минути а заминал откако на подрачјето што го набљудувал се појавиле војници и офицери на АРМ кои биле во касарната.

Ова според извори во македонските служби за безбедност укажува дека тие што управувале со дронот преку видео камерата инсталирана на него имале увид што се случува во касарната на АРМ и го повлекле дронот откако постоела можност тој да биде забележан.

Во дронот не било пукано ниту пак имало обид да биде осветлен иако изворите на expres.mk во службите за безбедност тврдат дека бил направен обид леталото да биде снимено во ноќта.

Најмалку 48 часа по тешкиот безбедносен инцидент македонските власти молчат за настанот кој деновиве ги вознемирила армиските служби за безбедност и командата на АРМ.

Непотврдени сознанија говорат дека звук на дрон бил слушнат и неколку дена пред грабежот на магазинот со опрема на МВР во Охридско во Април.

И двата случаи се уште не се расчистени.

Првичните детали

Македонската армија на штрек: Дрон надлетувал над касарна на АРМ

Нови детали за тешкиот безбедносен инцидент во објект на македонската армија

Целта на мистериозниот дрон биле објекти во касарната на АРМ во Кичево