Мистериозна порака за скандалозната набавка вредна 1,8 милиони евра од фирмата на донатори на ДУИ Еуровиа најавува откривање на незаконска поврзаност меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и прескапиот тендер со кој селата Борис Трајковски треба да се прилагоди за конференција на ОБСЕ.

Пораката ја упатува профилот Троловски или Демир кој досега откри десетици информации за корупција и криминал во редовите на власта. Нити една негова досегашна информација или афера не беше негирана или се покажа за неточна поради што Османи треба да биде загрижен.


Троловски за чиј вистински идентитет постојат повеќе различни информации пораката ја упатува на коментар на мрежата Х во кој се искажува загриженост дека новата афера на клиниката за Онкологија може да го стави под тепих големиот скандал со тендерот за Еуровиа.

За сопственикот на Еуровиа Османи рече дека не знаел дека е донатор на ДУИ а подоцна беше објавена фотографија на која со газдата на фирмата се сликало целото раководство на ДУИ.

,И Бујар така мисли и се теши, но не знае дека сме го фатиле во 100% корупција која во нареден период ќе му се објави.

Да, за @Bujar_O има докази за КОРУПЦИЈА со Еуровиа и тие ќе се објават”, потврдува профилот Троловски чии информации речиси секогаш се покажуваат за точни.

Една од информациите за Троловски или Демир е дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година тој бил во десетгодишна војна со моќниот лидер на УБК Сашо Мијалков.