Министерот за земјоделие и водостопанство цели 7 недели живее без да ги користи личните банкарски картички на кои му доаѓа платата како министер.
Со тоа во јавноста се отвори дилема како министерот живее без да има пристап до плата.
Министерот Љупчо Николовски вчера рече дека НЕ ЗНАЕ колку му била покачена платата бидејќи „неговите картички биле загубени во Брисел“.
Проверка на неговиот профил на Фејсбук открива дека Николовски во Брисел патувал на 30 март односно пред цели 40 дена.
Тоа укажува дека Николовски седум недели нема потреба да подигнува пари од своите картички односно дека тој троши други средства за да живее.
Дали тој има други приходи кои не се пријавени или легални, дали тој е финансиран од сопругата или друг член на семејството, дали има заштеда, дали живее од дневниците кои што ги зема кога (често) патува на службени патувања, дали троши од заштедата или се работи за друг магичен начин на преживување Николовски не откри пред јавноста.
Фактот што Николовски цели 40 дена не извадил нови картички од банка иако процедурата е меѓу 7 и десет дена укажува дека Николовски воопшто не живее од платата како министер.
Во нормална држава во која министер јавно ќе признае дека не живее од плата веднаш би реагирала Антикорупциската комисија но во Македонија останува да се следат ваквите чудни феномени преку коментари на медиумите и ,,антикорупционери аматери”.
Еден од нив е и Богдан Илиевски кој пронајдол дека за периодот без картичка за плата Николовски посетил повеќе европски земји и уште десетина дестинации во Македонија без да има потреба од својата плата.
,,Мене, бидејќи ми падна жал, ми падна и идеја да видам колку време човеков се мачи без картички и пари. Скролав по тоа фејсбукот негов и дојдов до…. 30 март! Во меѓувреме бил и во Србија, Италија, Словенија (којзнае како, аутостоп можда), и во 15-тина места низ Македонија… без картички и пари – најверојатно, нели.
Доста се жалиме како врзуваме први со први, министерот Љупче од 30 март до 11 мај си ги нема видено картичките и парите. Како му е, само тој си знае”, пишува иронично Илиевски.
Повеќе реакции на темата
Јави се на 143 – 666 и донирај 100 денари за да Буби може да го преживее месецов!
Немај гајле Буби @lj_nikolovski ќе ја средиме работава.
Ве молам РТ РТ РТ РТ!!!!!! pic.twitter.com/JZexcY6NWF— Фортификација (@Fortiifikacija) May 11, 2023
Љупче Николовски денес рече дека НЕ ЗНАЕ колку му била покачена платата бидејќи „неговите картички биле загубени во Брисел“
Според фб последен пат во Брисел бил на 30 март. Секоја чест како издржал до 11 мај и без картички и без пари! Треба да се угледаме на него, доста критики! pic.twitter.com/ZG3zqr8PHN
— Боби (@BatmanSaysT) May 10, 2023