Мишел: ЕУ ќе го забрза почетокот на преговорите за членство со Молдавија

Прашањето за почеток на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ ќе биде разгледано наскоро, увери претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на средбата со претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Молдавија, мала земја со 2,6 милиони жители, заглавена меѓу Украина и Романија, се соочува со мноштво проблеми – енергетска криза, зголемена сиромаштија и социјални тензии – кои се влошени со руската војна во Украина.

Според него, Москва се обидува да ја дестабилизира Молдавија со сајбер напади, организирани протести „и други деструктивни активности“.

Мишел истакна дека досега Европската унија одвоила повеќе од 1 милијарда евра „за поддршка на издржливоста и стабилноста на Молдавија“, при што се очекува Европската комисија да претстави уште еден пакет помош пред летото.

„Молдавија веќе направи значителни напори. И важно е да се продолжи со спроведувањето на деветте чекори (за влез во ЕУ ) според Европската комисија“, нагласи Мишел.

Тој откри дека разговарал со претседателката Маја Санду „длабоко за овие прашања, особено за сеопфатната реформа на судскиот систем, борбата против корупцијата и деполитизацијата на државните институции“.

„Молдавија може да смета на целосната поддршка од Европската унија на патот кон нашето семејство во ЕУ“, увери Мишел.