Мисајловски: СДСМ сака „да го оживее“ СЈО


„Со Законот за јавното обвинителство, СДСМ повторно сака да се оживее СЈО, односно се она што хибридното СЈО го правеше и сега да се прави, но во посебно јавно обвинителство“, изјави Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното издание на емисијата „Патот кон“ на Алсат М во кое гостуваа и пратеникот Артан Груби и министерот Дамјан Манчевски.

Гледаме дека во многу сфери во изминативе три години има многу корупција, а нема постапки. Го браневте „Рекет“, му рече Мисајловски на министерот Дамјан Манчевски.

„Власта мора да ги прифати забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО. Се создаде едно чудовиште од СЈО, во судот се заглави со „Рекет“. Може да видиме дека денес Транспаренски не посочи како најкорумпирана држава во Европа. Мора да вадиме поуки. Не е добро (законот) да се донесе од луѓе блиски до власта или од наши луѓе. Експерти треба да го направат законот“, рече Мисајловски.