„Имам информација дека сите грешки што ќе бидат во проектот како последица ќе ги сноси Јавното претпријатие за државни патишта, а они немаат увид на ништо. Казните и пеналите ќе ги плаќа јавното претпријатие“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа ТВ.
Според него, меѓу најспорните моменти во договорот е тоа што за арбитража ќе важи законодавството на Англија и Велс што апсолутно неповолно за Македонија и тоа што според информациите сите грешки што ќе бидат во проектот ќе ги сноси како последица Јавното претпријатие за државни патишта, пренесе Курир
Мисајловски рече дека според информациите во договорот со Бехтел и Енка нема наведено посебни лаборатории каде што се испитуваат сите елементи кои треба да бидат вградени, па стандардите ќе бидат тие што ќе ги каже „Бехтел и Енка“.
„Стандардите, сите што ќе ги каже Бехтел и Енка тие ќе бидат. И ако утре не дај боже е технички нешто погрешно и некој да го обжали тоа, во договорот стои дека немаат право бидејќи ‘Бехтел и Енка’ тогаш ќе каже кој е правиот стандард“, вели Мисајловски.
Мисајлоски потсети на приватизацијата во 90-те која според многумина во државата беше болна.
„Таа приватизација со закон се направи. Се донесе закон и се направи.
Ова они што го прават со овие закони моментално ќе направат пљачка на векот и ќе направат штета на векот, но ако бидат разумни да ги послушаат сите коментари што ги имаме, предлози и да има дискусија за да ги подобриме сите овие работи, тогаш можеме да зборуваме за нешто подобро“, заклучи Мисајловски.
