Договорот со Бугарија е грешка бидејќи нема реципроцитет.

Единствена и најважна работа што ние ја баравме од Бугарија како Република Македонија е тоа да има реципроцитет во третиарњето на малцинствата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

„Ако Бугарија сега бара Бугарите да бидат дел од Уставот тогаш зошто Македонците да не бидат дел од нивниот Устав“.

Во Бугарија има македонско малцинство и не треба да се срамиме од тоа.

„Во судот за човекови права во Стразбур има многу добиени пресуди, но има и пресуди коишто се во процедура. Ние како држава постоиме да ги браниме интересите на граѓаните на Република Македонија, ако тие граѓани се чувствуваат дека се Македонци ние треба да направиме се за нив“, истакна Мисајловски.