Мирослав Лајчак и официјално е назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина како и за западниот Балкан соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
„Задачата на новиот Специјален претставник на ЕУ ќе биде постигнување на целокупна нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, да се подобрат соседските односи и помирувањето меѓу партнерите на Западниот Балкан, да им се помогне да го надминат наследството од минатото и да придонесе за конзистентноста и ефикасноста на дејството на ЕУ на западен Балкан“, соопшти службата.
Лајчак беше министер за надворешни работи на Словачка и специјален претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина.ЕУ официјално го назначи Лајчак за специјален претставник за Западен Балкан.