Миркуловски: Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода

Филип Миркуловски, кој се врати во ракометната репрезентација на Македонија по три години и имаше значајна улога во историскиот триумф над светскиот и олимписки шампион Данска, не сака со неговите соиграчи да застанат тука.

„Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште попосветено за Македонија“, порача популарниот Жути преку Фејсбук.