Миовски трет стрелец во Шкотска по новиот гол за Абердин (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски се издвои на третото место на листата на стрелците во Премиер лигата на Шкотска со својот 12. гол сезонава за Абердин, кој загуби со 3:1 против Сент Мирен на домашен терен во натпреварот од 24. коло.

Миовски погоди од пенал во 75. минута, израмнувајќи на 1:1, но гостите со два погодока во завршницата ги однесоа трите бода, за што им помогна и исклучувањето на Рос Мекрори уште во 7. минута.

Од македонскиот напаѓач, кој го прекина голгетерскиот пост по три меча, поефикасни во шкотското првенство се само Јапонецот Кјого Фурухаши од Селтик со 18 гола и Шкотланѓанецот Лоренс Шенкланд од Хартс со 16.