Миовски стрелец против шампионот Селтик (ВИДЕО)

Најдобриот стрелец на Абердин минатата сезона, Бојан Миовски, го постигна првиот гол за шкотскиот фудбалски премиерлигаш и во новата, погодувајќи против шампионот Селтик во поразот од 3:1 на домашен терен во рамките на второто коло.

Напаѓачот на репрезентацијата на Македонија во 25. минута израмни на 1:1, испраќајќи ја во мрежата додадената топка од Дук.


Миовски даде гол и во пријателскиот натпревар кај Чарлтон во подтвителниот период, а со овој во шампионатот на Шкотска потврди дека тешката повреда на ногата од финишот на претходната сезона е минато.

Погодокот на штипјанецот против „келтите“ е по 4:15 минути од почетокот ма видеото: