Миовски со еден гол за Абердин и еден поништен, но во финалето на шкотскиот Лига куп оди Ренџерс

Бојан Миовски беше најдобриот играч на Абердин во полуфиналето на фудбалскиот Лига куп на Шкотска во Глазгов, но неговиот гол за водство од 1:0 во 41. минута се покажа недоволен за избегнување на поразот од 2:1 против Ренџерс по продолженијата.

Македонскиот репрезентативец погоди и претходно во 17. минута, но по прегледувањето на снимката на ВАР беше поништен поради офсајд.


Домаќинот израмни во 61. минута преку Кларк, а во третата минута од судиското дополнување на времето беше исклучен Стјуарт, па дополнителните 2×15 минути по нерешените 1:1 во основниот дел гостите играа со играч помалку, згора и Миовски беше заменет за да се зацврсти одбраната. Ренџерс погоди во 94. минута преку Руф за победа и дуел во финалето со Селтик.

За 23-годишниот македонски напаѓач ова е 13. гол за Абердин сезонава, вклучувајќи ги и 11. погодоци во шкотката Премиер лига, со кои го дели третото место на листата на стрелците.