Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжува со извонредни настапи во шкотската Суперлига, постигнувајќи два гола за 66 минути во игра за Абердин во триумфот над Килмарнок од 4:1 во осмото коло.

Напаѓачот на домашниот тим во 24. минута погоди за 2:0 од пенал, а во последната минута од првото полувреме зголеми на 3:1.

Со вкупно 7 погодока, 23-годишниот штипјанец го дели второто место на листата на стрелците со Јапонецот Кјого Фурухаши од Селтик, а пред нив е Хрватот Антонио Чолак од Ренџерс со 8.