Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Македонија, Бојан Миовски, ја продолжи својата гол-серија во шкотската Премиер лига како двоен стрелец во домашниот триумф на Абердин од 4:1 против Хибернијан.
Тој го отвори резултатот од пенал во осмата минута од продолжението на првото полувреме, а во 53. минута зголеми на 2:0 во победата со која Абердин го презеде третото место на табелата од Хибернијан по 12 одиграни кола.
Со новите два погодока, вкупно 10, Миовски му се доближи само на еден гол на водечкиот стрелец во лигата, Хрватот Антонио Чолак од Ренџерс.