Миовски им се врати на головите два месеца по тешката повреда (ВИДЕО)

Напаѓачот на Абердин и на фудбалската репрезентација на Македонија, Бојан Миовски, повторно погодува за шкотскиот премиерлигаш, и тоа само два месеца по тешката повреда на ногата, заокружувајќи ја победата од 3:2 кај англискиот третолигаш Чарлтон.

Првиот стрелец на шкотскиот учесник во еврокуповите успешно ја заврши акцијата на својот тим во 33. минута, што на крајот се покажа пресудно за победата во последниот контролен натпревар пред почетокот на сезоната.

Штипјанецот беше стартер, а играта ја напушти во 56. минута.

Голот на Миовски против Чарлтон по 1:12 минути од почетокот на видеото: