Министрите на ДУИ „пописмени“ од тие на СДСМ?! Груби се пофали дека имале повеќе доктори на науки!

СДСМ доби удар под појасот од вицепремиерот Артан Груби од владиниот партнер ДУИ, кој синоќа во Гостивар се пофали дека неговата партија има повеќе доктори на науки од таа на премиерот Димитар Ковачевски?!

За да го поткрепи своето тврдење дека интегративците ги имаат „најдобрите кадри во Македонија“, десната рака на лидерот Али Ахмети напомна дека меѓу министрите на ДУИ има пет доктори на науки и еден докторанд.

„Но, за ова не зборуваме отворено. ДУИ има повеќе доктори од СДСМ, ова го признаа и Апасиев и Левица. Го кажавте ова: ‘Подобри сме од кога било’, слушнав од вас“, рече Груби.