Министрите за надворешни работи на Германија, Португалија и Словенија ветија дека ќе работат на подобрување на процесот на визна либерализација за Косово.
Во заедничкото соопштение, за кое Коха Диторе вели дека има ексклузивно право да го објави на албански јазик, министрите Хајко Мас, Аугусто Сантос Силва и Анже Логар изјавија дека „конечно дојде време ЕУ да ги исполни своите ветувања“, пишува приштинска „Коха“, а пренесува Б92.
Тие исто така изразија загриженост за процесот на проширување на ЕУ, поради неотворањето на преговорите за членство за Северна Македонија и Албанија.
