Министре што чекаш: Полицаец пука во воздух, кој знае каде паднаа куршумите (ВИДЕО)

Министерот Оливер Спасовски најави дека МВР ќе казнува за пукање на свадби а видеото што го објавуваат твитерџии покажува дека првиот човек на полицијата ќе треба да казни полицаец.

Полицаецот пукал на свадба и го објавил на социјалните мрежи со што на Спасовски му го отвара патот не само за казнување туку и за построги мерки против него.

Од пукање на свадби последните десетина години десетина луѓе го загубија животот или беа потешко повредени.