„Оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа, информира Министерството за здравство доцна синоќа.
Соопштението дојде по лавината реакции во јавноста и само неколку часа откако министерот за здравство Венко Филипче изјави дека операциите за промена на полот во иднина ќе бидат на Фондот за здравство (ФЗОМ) и дека нема да се плаќаат приватно како досега.
Филипче додаде дека на Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.