Министерството во кое три отсто вработени одат на работа од денеска во нов објект од 14 милиони евра

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во кое само три проценти од вработените одат на работа, од денеска ќе функционира во нов објект од 14 милиони евра.

Според истражувањето на ПИНА и на Институтот за комуникациски студии, во министерството со кое раководи „првиот вицепремиер“ Артан Груби, работно ангажирани се само 44 лица, а 1.366 не одат на работа.

Во новиот објект, кој се наоѓа до Македонскиот народен театар и е дел од проектот „Скопје 2014“, ќе се сместат и Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процент од граѓаните, потоа Државниот инспекторат за примена на јазиците, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Дирекцијата за афирмација на културата на припадниците на заедниците, Дирекцијата за развој на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Албанскиот национален ансамбл.