Министерот за животна средина Насер Нуредини повторно ги одбегна новинарите, игнорирајќи го нивниот интерес за состојбата со аерозагадувањето во земјава, која зазема алармантни размери.
Нуредини на англиски јазик имаше презентација на Третиот преглед на состојбите со животната средина, но ги избегна новинарите со образложение дека немал време.
„Фокус“ потсетува дека ова е продолжение на практиката на министерот заедно со неговата портпаролка да ги ескивираат новинарите, бидејќи, како што образложија, за да излезат во јавност потребно е претходно консултирање за да се подготват за темата за која ќе дискутираат со новинарите.
Контакт со новинарите избегнуваше и неговиот претходник, Садула Дураки.