Министерот за земјоделие се обиде да добие шоу бизнис поени но се случи гаф (ФОТО)

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски се обиде преку неговиот кадар градоначалник на Крива Паланка да добие ,,шоу бизнис поени” но организаторите на настанот на општината ја утнаа работата.

Во најавата на Фејсбук профилот на општина Крива Паланка градоначалникот заедно со министерот Николовски се пофалија со средба со Здравко Чолиќ а големата ѕвезда ја немаше на сликата.

Наместо Чолиќ на фотографиите е српскиот пејач Владо Георгиев.

Како е можно ниту градоначалникот ни министерот да не знаат кој е на фотографиите не е јасно.

Подоцна гафот е исправен но Фејсбук дава доказ за направениот гаф кој не може да биде избришан.

Најчитани вести

Слава на сите паднати борци за Македонија

(ФОТО НА НЕДЕЛАТА) Марта и Марко со почит за пра-прадедото партизан Драган (ГАЛЕРИЈА)